| |
 Новиот OS 3.0 достапен за преземање |
| |
Надградете лесно и едноставно!
За да го надградите постојниот софтвер на вашиот iPhone 3G, со новата верзија 3.0 поврзете го телефонот со апликацијата iTunes. Синхронизирајте и одберете Check for update за да ја одредите верзијата на вашиот софтвер.
4 Едноставни чекори |
|
| |
1. Осигурајте се дека ја користите верзијата iTunes 8.2 и поврзете го вашиот iPhone со вашиот компјутер кој мора да има пристап на интернет.
(За надградба на постара верзија на iTunes кликнете Help во главното мени и одберете Check for updates.) |
 |
|
| |
|
|
| |
2. Штом апликацијата iTunes ќе се отвори, одберете го вашиот iPhone во делот Devices во листата што се покажува од лево. |
 |
|
| |
|
|
| |
3. Одберете Check for Update. |
 |
|
| |
|
|
| |
4. Одберете Download и потоа Install. Не заборавајте дека не смеете да го дисконектирате вашиот iPhone сè додека надоградувањето не заврши. |
 |
|
| |
|
|
|
|
| |
Надградете го вашиот софтвер за iPhone, со новата верзија 3.0 и тоа – бесплатно!
Новиот бесплатен iPhone OS 3.0 софтвер еднакво вклучува нови функции, како и надополнување на старите функции. Покрај веќе постојните корисни функции, новите неверојатно забавни можности ќе ви го одземат здивот. Меѓу извонредните нови функции, ќе можете да уживате во:
|
 |
„Cut, Copy & Paste“
Брзо и едноставно исечете, ископирајте и залепете текст од една апликација во друга или исечете, ископирајте и залепете слики од вашите омилени интернет страници. |
 |
Хоризонтална тастатура
Ви недостига поголема прегледност и простор за пишување? Новиот iPhone 3.0 софтвер ви овозможува уште поедноставно пишување на вашите пораки или е-пошта. Едноставно, завртете го телефонот хоризонтално и пишувајте пораки и е-пошта со поголема тастатура. |
|
|
| |
|
|
|
| |
 |
 |
 |
MMS
Сега, праќајте MMS што ќе вклучуваат фотографии, аудиофајлови или контакти. Можете дури и да зачувате фотографија што ќе ја добиете на MMS само со еден допир! |
|
Едноставно пребарување Spotlight
Пронајдете сè што ви е потребно низ вашиот iPhone од едно место – со помош на пребарувањето Spotlight. Пребарајте ги сите ваши контакти, е-пораки, календари и целата содржина на вашиот iPod.
|
|
 |
|
 |
Гласовни – аудиозаписи
Зачувајте порака, состанок или каков било друг аудиозапис додека се движите, со помош на вградениот микрофон во вашиот iPhone или со помош на микрофонот во слушалките.
|
|
Надграден календар
Сега, со надградениот календар со подобрени функции, можете да креирате состаноци со помош на Microsoft Exchange ActiveSync од вашиот iPhone. |
|
|
| |
|
 |
|
Македонска јазична поддршка
Новиот iPhone 3.0 софтвер поддржува 30 јазици и повеќе од 40 формати на тастатури. Од сега па натаму, вашиот iPhone има македонска поддршка во некои функционалости кај календарот, временската прогноза и сл. |
|
Internet Tethering
Поделете ја интернет врската на телефонот со вашиот лаптоп со помош на опцијата Internet tethering преку Bluetooth или кабел за USB. |
|
|
 |
|
| Унапреден пребарувач Safari
Уживајте во брзите карактеристики, автоматското пополнување на корисничките имиња и лозинки и во сите други суперфункции на Safari!
|
|
Опции Shake to Shuffle и Shake to undo
Кога слушате музика на вашиот iPhone, едноставно протресете го и тој автоматски ќе ја промени песната со некоја друга од вашата музика. Со исто протресување можете да ја поништите последната зададена функција.
|
|
|
| |
 |
 |
 |
Стерео BLUETOOTH®
Поврзете компатибилен Bluetooth стерео уред – слушалки, уред за во автомобил или други додатоци.
|
|
Проследување на SMS и MMS пораки
Од сега сите ваши SMS и MMS пораки, можете да ги проследите до еден или повеќе контакти.
|
|
 |
 |
|
Праќајте повеќе фотографии во една е-порака
Со новиот iPhone 3.0 софтвер од сега можете да праќате повеќе од една фотографија во една е-порака.
|
|
|
|
|