T-Mobile


Запознајте го најбрзиот, најмоќен iPhone досега.
iPhone 3GS има извонредна видео камера, гласовна контрола и многу повеќе.


Брзина
Отворајте веб страници, активирајте апликации, отворајте атачменти и фотографирајте многу побрзо од претходно. iPhone 3GS го прави вашето целокупно iPhone доживување уште поподготвено.

До 2x побрзо споредено со iPhone 3G

 

Видео кaмера
iPhone 3GS сега ви овозможува да снимате и да едитирате видео, а потоа и да го споделите преку е-пошта, MMS, MobileMe или YouTube. А фотографиите се уште подобри благодарение на 3MP камера, авто фокус и функцијата „tap-to-focus“.

 

Гласовна контрола
Со Гласовната контрола, можете да го употребите вашиот глас за да се јавите некому од контактите, да повикате број или да пуштите песна.

Дигитален компас
Дознајте го вашиот правец со новиот дигитален компас, или погледнете како тој автоматски ги ротира мапите за да се поклопи / погоди насоката пред која се наоѓате.

 
Cut, Copy & Paste
Исечете, ископирајте и залепете зборови и фотографии, дури и меѓу апликациите. Копирајте и вметнувајте слики и содржини дури и од интернет.

 

Пораки
Користете ги пораките за да испратите текст, фотографии, аудио, видео и многу повеќе. Пренасочете цела порака или само одредени важни делови.

Spotlight пребарување
Пронајдете сè што барате низ вашиот iPhone, од едно место. Пребарувањето преку Spotlight ги пребарува сите ваши контакти, е-пошта, календари и забелешки како и целата содржина од вашиот iPod.

 

Хоризонтална тастатура
Сакате повеќе простор за пишување? Изротирајте го вашиот iPhone за да ја користите големата тастатура за пошта, пораки, забелешки и Сафари.

 

Гласовни записи
Зачувајте гласовен запис, состанок или каква било аудио снимка додека се движите. Користете го вградениот микрофон во вашиот iPhone, или микрофонот на слушалките, за да снимате аудио.