T-Mobile

 

Кои се разликите помеѓу iPhone 3GS и претходниот модел?

iPhone 3GS сега е побрз и помоќен од кога било порано. Целосната брзина на пренос на UMTS сега е искористена. Процесорот работи побрзо и според тоа овозможува подиректна контрола и поголема разновидност на опции. Контрола на гласот за музика и телефонија, дигитален компас и видео камера со едитирачка функција се интегрирани. Сега камерата има повисока резолуција и авто фокус.

Дали заштитниот материјал е помалку чувствителен?

Не.
Сепак, доколку корисниците одлучат дополнително да го заштитат својот iPhone, T-Mobile нуди избор на заштитни футроли како додатоци за заштита од гребење.

Дали е сменет капацитетот на батеријата?

 3GS iPhone има подобрен животен век на батеријата, но преку ажурирање на софтверот коешто е достапно на сите iPhone корисници, корисникот на iPhone 3G исто така ќе забележи подобрено функционирање на батеријата.
Производителот Apple потврдува време во мирување од 300 часа, време за разговор до 5 часа (3G), како и 9 часа (WiFi) видео плејбек до 10 часа и аудио плејбек до 30 часа.

Кои бои и верзии на новиот уред ќе бидат понудени од T-Mobile?

Понудени се iPhone 3GS верзиите од 16 GB и 32 GB, секоја од нив во црна или во бела варијанта.

Како се активира iPhone?

По внесувањето на SIM картичката, уредот мора да биде поврзан со iTunes или преку Mac или компјутер. За да се активира iPhone 3GS, не е потребна регистрација.

Дали HSDPA 7.2 сега е поддржан од новиот Apple iPhone 3GS?

Да, секако. Новите верзии на iPhone 16 GB и 32 GB поддржуваат HSDPA 7.2, но верзијата со
8 GB која е сè уште присутна на пазарот, поддржува HSDPA 3.6, како и претходно.

 

Може ли iPhone да се користи со SIM картичка од друг мрежен оператор?

iPhone е оптимизиран за употреба во мрежата на T-Mobile Mакедонија и е заштитен преку заклучување на SIM картичката. Според тоа, не е возможно да се користи iPhone со SIM картички од други оператори.

Дали е возможно да се продолжи со користење на претходните приклучоци од претходните модели на iPhone 3G?

Да, додатоци - како што е iPhone dock за iPhone 3G - може исто така да биде искористен и за iPhone 3GS. Сите надворешни приклучоци остануваат непроменети од претходните.

Дали сите апликации се целосно компатибилни со новиот OS 3.0 оперативен систем?

Карактеристика на App Store е независниот менаџмент на нивните апликации од самите дизајнери. Затоа, цел на секој дизајнер е да ги ажурира апликациите.

Кои се предностите на OS 3.0 за корисниците на постарите генерации на хардвер (iPhone, iPhone 3G)?

Корисниците на постарите iPhone-и можат исто така  да ги користат новите функции.

Дали новиот софтвер повторно ќе биде понуден на сите постоечки корисници, бесплатно?

Да, како бесплатно ажурирање. Предуслов за ова е iTunes Version 8.2.

Која верзија на iTunes ќе биде потребна за да се активира новиот iPhone?

iTunes 8.2

Дали исто така може да користам ММС со софтверот верзија 3.0 со мојот iPhone 3G?

ММС е подржано од Apple iPhone 3G S и iPhone 3G со инсталиран OS 3.0.

Може ли секогаш on/push известувањата да се деактивираат во странство како би се избегнале високите сметки за роаминг?

Да, ова е возможно преку Нагодување

Дали новиот iPhone е подобро создаден за корпоративна употреба  од претходниот модел?

Да, се разбира бидејки има дополнителни сигурносни карактеристики и бизнис кориснички карактеристики.

Кои се мерките во услови на гаранција?

12 месеци гаранција од произведувачот.


ДомаДома