Бонус плус за Припејд+
T-Mobile ја наградува довербата на своите припејд корисници.
Доколку си T-Mobile припејд корисник, зачлени се веднаш во Припејд+ клубот и почни да добиваш бонус на твојата сметка секој месец.
Бонусот можеш да го искористиш за разговори, SMS пораки или пак, да го заштедиш и да добиеш попуст за купување нов мобилен телефон.
Како да се зачлениш?
Брзо и едноставно, на еден од следниве начини:
- Јави се на бесплатниот телефонски број 14 26 14 и следи ги упатствата на говорниот автомат;
- Прати SMS порака со содржина BONUS на 14 26 14, доколку сакаш својот бонус да го користиш како сума за разговори или SMS пораки;
- Прати SMS порака со содржина MOBILEN на 14 26 14, доколку сакаш својот бонус да го заштедиш за нов мобилен телефон или
- Најави се на Мојот Т-Mobile.
Бонусот за добивање попуст при купување нов мобилен телефон можеш да го искористиш сo собрани 1 000 денари, a попустот не може да биде поголем од 90% од вредноста на телефонот.
Бонусот за добивање попуст при купување нов мобилен телефон може да се искористи најдоцна 90 дена од истекот на важноста на ваучерот.
Бонусот за секој изминат месец ќе биде префрлен на твојата Припејд+ сметка до седмиот ден од наредниот месец, за што ќе добиеш SMS известување.
Приклучи се во Припејд+ клубот веднаш и почни да добиваш награден бонус секој месец.
Активирај на 14 26 14 или преку Мојот Т-Mobile!