Плаќање и дополнување сметки преку банкомат

Колку пати сте се нашле во ситуација да посакате сите ваши дневни задолженија да можете да ги извршите наеднаш и од едно место?

Што доколку сега тоа е возможно?

За прв пат кај нас, T-Mobile и Македонски Телеком, воведуваат систем за електронско плаќање на месечните сметки за телефон, интернет и телевизија, преку интернет, и преку најраспространетата мрежа на банкомати во државата, во соработка со Стопанска Банка. 

Како да платите постпејд сметка преку банкомат?

Плаќањето сметка преку банкомат се врши во неколку лесни чекори. Појдете со својата платежна картичка до еден од банкоматите на Стопанска банка и следете ги инструкциите на екранот

  • Изберете го менито за дополнителни услуги,
  • Изберете Плаќање на сметки,
  • Изберете Телефон, Интернет, ТВ,
  • Изберете ја компанијата чија сметка сакате да ја платите,
  • Внесете го бројот на фактурата и плаќањето е извршено.

 

Како да дополните припејд сметка преку банкомат?

Отсега, можете електронски да ја дополните својата или која било припејд сметка и преку банкомат.
Без разлика дали е празник, делник или викенд, T-Mobile услугата за електронско дополнување сега е достапна 24 часа, 7 дена во неделата.
Појдете со својата платежна картичка до еден од банкоматите на Стопанска банка или НЛБ Тутунска банка и следете ги инструкциите на екранот:

  • Изберете го менито за дополнителни услуги,
  • Изберете Ваучер за мобилен,
  • Изберете го износот што сакате да го надополните,
  • Внесете го телефонскиот број и дополнете припејд сметка.

Во кое било продажно место на Т-Mobile корисникот на услугата ќе има можност да побара издавање сметка за извршеното надополнување.

Погледнете ги детално сите чекори потребни за дополнување кредит!

Трансакциите направени надвор од работното време на платниот промет се релизираат следниот работен ден во Банката, а во компанијата кон која плаќате, најрано 1 работен ден подоцна. Плаќањето сметки преку интернет и банкомат е овозможено само за постпејд сметките на приватните корисници на T-Mobile и Македонски Телеком.