|
Новата услуга на T-Mobile „Дополни кредит од постпејд на припејд”, ти овозможува наједноставен начин на дополнување на припејд кредит од постпејд сметка.
Сега како постпејд корисник можеш лесно и во секое време, со јавување на бесплатниот телефонски број 122 или преку Мојот T-Mobile од преку твојата постпејд сметка да надополниш кредит на близок припејд корисник.
Заштеди време и олесни им го дополнувањето кредит на оние што ти значат. На овој начин, биди сигурен дека можат да ти се јават секогаш кога им е потребно.
Плус, за да ја испробаш услугата и да ја почувствуваш едноставноста на комуникацијата, направи го првото префрлување кредит од 100 денари бесплатно! Јави се на бесплатниот телефонски број 122 и следи ги инструкциите на говорниот автомат.
Како да дополниш кредит од постпејд на припејд?
Доволно е да се јавиш на бесплатниот број 122 и да ги следиш инструкциите на говорниот автомат или да се најавиш на Мојот Т-Mobile и со едноставно внесување на припејд бројот и типот на ваучерот да го дополниш кредитот на саканиот број. Потоа преку SMS порака ќе бидеш известен за извршеното префлање кредит од твојата постпејд сметка на припејд сметката на избраниот број. Надополнетиот припејд кредит ќе биде наплатен на твојата постпејд месечна сметка.
Искористи го времето за многу поубави работи, подари кредит и слушни ги најблиските кога ќе посакаш!
Активирај ја услугата на 122 или преку Мојот Т-Mobile!
|