Твојот Facebook™ со тебе, секаде, секогаш!
Пријави се за Facebook SMS известувања
|
Прати SMS порака од твојот мобилен на бројот 32 665 и многу едноставно промени го твојот Facebook™ статус, праќај пораки на пријатели, пребарувај и додавај нови пријатели, креирај или иницирај настани, поставувај коментари на ѕидот на твоите пријатели и забавувај се до бескрај!
Сè што треба да направиш е да се најавиш на твојот Facebook™ профил, да го одбереш менито „корисничка сметка” и подменито „прилагодување на профилот”; во четвртиот таб со наслов „мобилен”, внеси го твојот мобилен број и одбери T-Mobile. Со кликање на копчето „активирај”, ќе добиеш SMS со код за потврда. По внесување на кодот, ќе можеш да го менуваш твојот профил, да ги нагодиш своите мобилни известувања, да го одбереш типот на известувања коишто сакаш да ги добиваш, во кој период од денот сакаш да ти пристигнуваат, да го ограничиш бројот на известувањата, да внесеш преференции за одредени пријатели итн.
Како да управуваш со Facebook™ од твојот мобилен? Прати SMS со содржина:
- за промена на статус: текстот што сакаш да го поставиш како статус;
- за праќање порака до пријател: msg и текстот на пораката;
- за пребарување пријател: search и име и презиме на пријателот;
- за добивање телефонски број: cell и име и презиме на пријателот;
- за иницирање настан: event и името на настанот;
- за поставување порака на ѕид: wall и име и презиме на пријателот;
- за додавање пријател: add и име и презиме на пријателот.
|