За деловни корисници

HotSpot

Безжичен и супербрз интернет пристап

Искористетe го вашето време за сурфање на интернет, пребарување на компаниските документи или едноставно проверете ја вашата eл. пошта додека пиете кафе во вашето омилено кафуле или сте на одмор. На нашите HotSpot локации едноставно и без никакви приклучоци можете да оствaрите супер брза интернет врска. Сe што вие потребно е вашиот лаптоп компјутер или PDA уред.

HotSpot нуди безжичен интернет пристап со големи брзини - до 50 пати поголеми од стандардниот dial-up пристап. Технологијата е заснована на IEEE 802.11b/g стандардот и ги поддржува сите соодветно опремени безжични уреди. На располагање ги имате електронските HotSpot вредносни картички од 1, 3, 24 часа и 7 дена, со помош на кои на вашиот мобилен телефон добивате корисничко име и лозинка за најава на системот.

Што ви е потребно за користење на услугата?

  • Лаптоп компјутер или PDA (Personal Digital Assistant)
  • Електронска HotSpot вредносна картичка
  • Мобилен телефон

Како да се поврзете?

  • Во зоната на HotSpot, вклучете го вашиот компјутер или PDA уред
  • Активирајте го интернет пребарувачот
  • Внесете ја интернет страницата што сакате да ја посетите и ќе бидете пренасочени на страницата за најава на HotSpot услугата
  • Следете ги упатствата на страницата

Електронски T-Mobile МК HotSpot вредносни картички

Електронските HotSpot вредносни картички можете да ги набавите на HotSpot локациите. Вашето корисничко име и вашата лозинка ќе ги добите преку SMS на вашиот мобилен телефон, при купување на електронската HotSpot вредносна картичка.

Електронски T-Mobile МК HotSpot вредносни картички:

 

Време на пристап Времетраење Цена (со ДДВ)
Цена со 50% попуст во МКД
1 час 1 час 150
3 часа 1 ден 300
24 часа 3 дена 550
7 дена 14 дена 1 250

Корисничка поддршка

Подетално за T-Mobile HotSpot услугата ќе дознаете на www.t-mobile.mk, доколку се обратите до T-Mobile Контакт центарот на 070 122 или пратите ел. писмо на: kontakt@t-mobile.mk.

WLAN

Wireless Local Area Network (WLAN) е безжична локална мрежа заснована на радио-технологијата која овозможува да се поврзете со интернет или со вашата корпоративна мрежа со користење на безжични уреди (лаптоп компјутери или PDA) со големи брзини. T-Mobile HotSpot е јавна WLAN услуга која нуди безжичен интернет пристап со големи брзини (до 50 пати поголеми брзини од стандардниот dial-up пристап). Технологијата е заснована на IEEE 802.11b/g стандардот и ги поддржува сите соодветно опремени безжични уреди.

За да ја користити оваа безжична услуга потребно ви е да имате лаптоп компјутер или PDA опремени со WI-FI (802.11b/g). Ако вашиот компјутер не е опремен со WI-FI, тогаш ви е потребна PCMCIA мрежна картичка. Исто така, потребен ви е стандарден интернет пребарувач, инсталиран на вашиот компјутер. Не е потребен дополнителен софтвер.

Пристапни точки

Пристапните точки (Access Points) во T-Mobile HotSpot локациите ги пренесуваат радиосигналите до WLAN уредите на растојанија до 100 метри. Доколку имате мобилен уред опремен со WLAN мрежна картичка, врската со мрежата ќе биде автоматски воспоставена на локациите каде што е достапна услугата. Секоја HotSpot локација овозможува брзини на пристап на еден корисник до 2 Mbit/сек., но брзината која може реално да се очекува е меѓу 100-500 kbit/сек. (заради фактот што брзината опаѓа со пораст на бројот на корисниците). Можете да пристапите до која било апликација или содржина достапна на интернет (сурфање, праќање и примање електронски пораки).

Можете непречено да пристапите до корпоративната мрежа на вашата фирма доколку имате исправно сетиран уред и VPN клиентски софтвер за сигурносна комуникација. T-Mobile HotSpot е сигурен како и секоја друга врска со големи брзини, па затоа ви препорачуваме користење дополнителни сигурносни мерки, вклучувајќи и VPN, или шифрирање, за праќање чувствителни информации преку интернет.

Место Локација Телефон Адреса Покриеност Место на продажба
Скопје Скопски Саем 389 2 3218 388 Беласица бб 1000 Скопје Сите хали, Управна зграда Рецепција во управна зграда
Струга хотел Бисер 389 46 785 700 / Фоаје, Ресторан, Конгресна сала, Хотелска плажа, дел од собите и апартманите Рецепција на хотелот
Скопје хотел Stone Bridge 389 2 32 44 900 Кеј Димитар Влахов 1, 1000 Скопје целиот хотел рецепцијата на хотелот

Интернет и MMS

bottom corners

Кориснички услуги

  • Јавете се во контакт центарот на 070 122
  • Посетете некоја од нашите продавници или
  • испратете ел. пошта на
    kontakt@t-mobile.mk
bottom corners