Нарачка на подароци
Отсега можете да одберете нови и разновидни подароци од збогатениот и освежен каталог кој ви го носи Твој Клуб.
Доколку сте само T-Mobile корисник
Проверете ја состојбата, односно вашите Твој Клуб поени на последната фактура ,со праќање SMS со содржина TvojKlub на бројот 070 142 566 или преку порталот Мојот T-Mobile
Одберете подарок од Каталогот со подароци на Твој Клуб;
Откако сте го одбрале подарокот, ги имате на располагање следниве начини за нарачување на своите подароци:
1. Преку Контакт центарот на T-Mobile на 070 122
Јавете се на 070 122 за да го нарачате производот. Притоа, потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.
2. Преку веб порталот Мојот T-Mobile
Посетете ја https://my.t-mobile.mk/. Доколку сè уште се немате регистрирано, завршете ја брзата постапка низ неколку лесни чекори.
Одберете подарок според бројот на вашите Твој Клуб поени од табот Твој Клуб. Во моментот кога производот ќе биде достапен во Телеком продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.
3. Во продавниците на Телеком
Отсега сите T-Mobile корисници ќе имаат можност својот подарок да го нарачаат во сите продажни места на Телеком. Притоа потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави; Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата,ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.
Доколку сте T-Mobile и T-Home корисник (кој веќе поседува клупска картичка)
Состојбата, односно бројот на вашите Твој Клуб поени здобиени од користење на услугите на мобилната телефонија, можете да ги проверите на последната T-Mobile фактура со праќање SMS со содржина TvojKlub на бројот 070 142 566 или преку порталот Мојот T-Mobile.
Состојбата, односно бројот на вашите Твој Клуб поени здобиени од користење на услугите на фиксната телефонија, можете да ги проверите на последната сметка од Македонски Телеком.
- Одберете повреден подарок од Каталогот со подароци на Твој Клуб со собраните поени од Т-Home и T-Mobile
- Откако сте го одбрале подарокот, ги имате на располагање следниве начини за нарачка на своите подароци:
1. Преку Контакт центарот на T-Mobile на 070 122
Јавете се на 070 122 за да го нарачате производот. Притоа потребно е да ги кажете бројот на вашата T-Mobile фактура, бројот на Вашата клупска картичка, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави; Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.
2. Преку веб порталот Мојот T-Mobile
Посетете ја https://my.t-mobile.mk
Доколку сè уште се немате регистрирано, завршете ја брзата постапка низ неколку лесни чекори. Одберете подарок според бројот на вашите Твој Клуб поени од табот Твој Клуб;
Во моментот кога производот ќе биде достапен во Телеком продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.
3. Во продавниците на Телеком
Потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура, бројот на Вашата клупска картичка, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.
Или, како и T-Home корисниците кои веќе поседуваат Клуб картичка, нема потреба од нарачување на подарокот. Одбраниот подарок можете да го побарате и веднаш да го подигнете во Телеком продавниците.
Напомена: При нарачка на подароци преку горенаведените канали, први ќе бидат искористени поените стекнати на вашата Т-Mobile сметка, додека при директно подигање на подароците во Телеком продавниците први ќе бидат искористени поените стекнати на Вашата сметка од Македонски Телеком.
Доколку сте T-Home корисник
Отсега T-Home корисниците својот омилениот подарок можат да го нарачаат и на бесплатниот број 171, покрај продавниците на Телеком.
Општи услови
- T-Mobile корисниците кои на свое име поседуваат поени стекнати на повеќе сметки, можат заеднички да ги користат при нарачка на подароци од Каталогот на подароци на Твој Клуб.
- Поените не можат да се заменат во пари.
- Ако еден претплатник ја префрли својата линија на компаниската, поените што ги добил како индивидуален претплатник ќе бидат загубени.
- Ако компаниски претплатник ја префрли линијата на индивидуален претплатник и ако компанискиот претплатник не бил одговорен за плаќање на сметката, тогаш сите добиени поени ќе останат на компаниската сметка. Ако се работи за лице кое било одговорно за плаќање на својата сметка во рамките на компанијата, тогаш сите поени ќе му бидат префрлени нему, на индивидуалната сметка.
- Предметите во Каталогот можат да се разликуваат во боја или големина.
- Предметите можат да бидат различни од месец до месец.
- Предметите од Каталогот можат да се подигнат само со поени.
- Нарачка можат да направат само активни корисници на T-Mobile.
- T-Mobile го задржува правото да ги менува правилата во кое било време без претходна најава.