 |
Објавено на 28.11.2006
T-Mobile ги награди најлојалните припејд корисници |
| |
T-Mobile во рамките на Програмата за доверба - Припејд+, што за првпат е воведена во Македонија, ги награди своите најстари припејд корисници: Рашид Муса од Охрид, Биљана Брзовска од Битола, Насер Еминозиќ и Христо Стојаноски од Скопје и Коста Трибичлиев од Струмица. |
| |
|
Како награда за довербата, најлојалните припејд корисници, ќе добијат за подарок припејд пакет со Sony Ericsson K610 i. Како што е познато, Програмата за доверба предвидува бонус како кредит за разговори секој месец за сите регистрирани членови на Припејд+, или пак, акумулирање на бонусот, со што корисникот добива попуст при купување нов телефон. Новата програма на T-Mobile има за цел да воспостави долготрајна врска со припејд корисниците, како и да го зголеми задоволството кај нив со воведување нови бенефиции и поволности.
назад
|
 |
Објавено на 26.11.2006
Прва припејд Програма за доверба од T-Mobile |
| |
T-Mobile за првпат во Македонија воведува Програма за доверба за своите припејд корисници од 24 ноември 2006 година. Програмата Припејд плус Клуб предвидува бонус како кредит за разговори секој месец за сите регистрирани членови на Припејд плус Клуб, или пак, акумулирање на бонусот, со што корисникот добива попуст при купување нов телефон. |
| |
|
Корисниците можат да се регистрираат како членови на Припејд плус Клубот на бесплатниот број 070 142 614 или со праќање SMS порака. За членство во Припејд плус Клубот, единствени услови се: да се биде 7 месеци припејд корисник на T-Mobile и да се користат над 300 денари во текот на изминатиот месец. T-Mobile со воведувањето на Припејд + има за цел да воспостави долготрајна врска со припејд корисниците, наградувајќи ја нивната лојалност со нови поволности. Новата програма е продолжување на заложбата на T-Mobile да обезбеди иновативни и едноставни поволности за сите корисници.
назад
|
 |
Објавено на 19.10.2006
Нов веб портал на T-Mobile за MMS пораки. |
| |
T-Mobile воведе комерцијален портал наменет за менаџирање на MMS пораките на сите корисници од 18 октомври, 2006 година. Преку порталот: www.mmsalbum.t-mobile.mk којшто ќе функционира во вид на дигитален фотоалбум, корисниците на T-Mobile ќе можат да ги архивираат, праќаат, препраќаат и објавуваат своите MMS пораки. |
| |
|
Воспоставувањето на овој дигитален албум со автоматски сочувани фотографии е многу едноставно: откако со помош на мобилниот телефон ќе се направи фотографија, таа се праќа на бројот 070 142 800. Потоа корисниците можат да го посетат порталот, да се регистрираат и да ги користат неговите можности. Веб порталот функционира во два дела, како приватен и јавен, оттаму и фотографиите, корисниците ќе можат да ги добијат во приватниот дел, а доколку сакаат да ги споделат со останатите посетители на порталот, можат да го користат јавниот дел.
назад
|
 |
Објавено на 19.10.2006
Тeam - нова поволност за бизнис корисниците |
| |
T-Mobile креираше нова поволност за бизнис корисниците - Тeam, која стартува на 20 јануари 2007. Таа овозможува една заедничка претплата за сите членови од тимот. Во рамките на опцијата Тeam можат да бидат вклучени од 2 до 10 членови од компанијата кои целосно ќе можат да ја искористат месечната претплата, онолку колку што секому му треба. |
| |
|
Покрај тоа, корисниците на овој модел добиваат најевтини разговори меѓу членовите на тимот, тарифирање по секунда од првата секунда на разговорот, целосно искористување на месечната претплата, а неискористениот износ автоматски се префрла за наредниот месец. Сумата од заедничка месечна претплата корисниците можат да ја потрошат за разговори, за SMS и за MMS пораки, како и за интернет пребарување. Во рамките на Тeam опцијата дозволено е и менување на бројот на членовите во тимот, во зависност од потребите на компанијата. Доколку пак, постои потреба од зголемување на членовите во тимот, лесно може да се премине во повисок тарифен модел.
назад
|
 |
Објавено на 03.10.2006
Светска недела на кориснички услуги |
| |
T-Mobile ја одбележа Светската недела на кориснички услуги од 2 до 8 октомври. По повод Светската недела на кориснички услуги повиците кон оператор во Контакт центарот се бесплатни. |
| |
|
Во среда, четврток и петок, на 4, 5 и 6 октомври во продажните салони нa T-Mobile од 12 до 13 часот корисниците ќе бидат услужени од Ламбе Алабаковски, Елена Ристеска и Леонора Полоска. Во среда, 4 октомври, во продажниот салон во ГТЦ корисниците ќе бидат услужени од Ламбе Алабакоски, во четврток, во продажниот салон во T-Mobile Управна зграда - Елена Ристеска ќе биде во улога на вработена во T-Mobile, а во петок во ТЦ Рамстор корисниците ќе бидат услужени од Леонора. Неделата на кориснички услуги е воведена од Интернационалното Здружение на кориснички услуги во Америка во 1988 година, а во Британија почнува да се одбележува од 2001 и оттогаш се прославува на различни начини насекаде во светот. Светската недела на кориснички услуги е посветена на корисниците и на вработените кои се во директен контакт со корисниците .
назад
|
 |
Објавено на 28.09.2006
Повеќе поволности за корисниците на тарифниот модел Посебен |
| |
T-Mobile од 1 октомври 2006, воведува нови поволности за лицата со посебни потреби, во рамките на постојниот тарифен модел - Посебен. |
| |
|
Тарифниот модел Посебен од 1 октомври ќе им овозможи на корисниците: целосно да ја искористат сумата од месечната претплата во разговор, да разговараат по еднакви тарифи во текот на целиот ден во мрежата на T-Mobile и кон фиксната мрежа, 100 бесплатни SMS пораки во мрежата на T-Mobile, а цените за повиците во Mојот круг, интернационалните дестинации и цените за дополнителните услуги остануваат непроменети. Месечната претплата за Посебен е 200 денари и може да се искористи за разговори и SMS пораки во националната мрежа. Овој тарифен модел е креиран според комуникациските потреби на лицата со посебни потреби и е достапен и за физички и за правни лица .
назад
|
 |
Објавено на 06.09.2006
T-Mobile ден, прослава за ребрендирањето на МобиМак во T-Mobile |
| |
На 7 септември 2006 година, на плоштад „Македонија“ во Скопје, МобиМак ќе го прослави ребрендирањето во T-Mobile, односно ќе го прослави T-Mobile денот. |
| |
|
Со ова се заокружува процесот на ребрендирањето што започна со одлуката на Бордот на директори на компанијата (февруари, 2006), со што МобиМак заедно со своите корисници стана дел од еден од најголемите мобилни оператори во светот - T-Mobile. Во чест на официјалниот влез на T-Mobile во Македонија, компанијата ќе донира средства за осветлување на Камениот мост, како и средства за апаратура за ДНК испитување на Детската клиника во Скопје. Прославата започнува во 21:00 часот на плоштадот „Македонија“ со бесплатен концерт на британскиот бенд „Пет шоп бојс“. Концертот, што е предвидено да трае 90 минути, ќе ги вклучува старите хитови на овој бенд од 80-те години на минатиот век, како и нивното најново остварување - албумот „Фундаментал“. Забавата продолжува во 23:00 часот, во Градскиот парк - на локацијата „Школка“ со концерт на македонските бендови: Проект Жлуст, Мугер Фугер, Поган Паган, ДениТеЧува, Да Џака Накот и Работам на Случајот, а ќе настапат и диџеите на радио Канал 103. Со одлука на град Скопје, скопските кафулиња на 7 септември ќе работат до раните утрински часови со што и градот активно ќе се вклучи во прославата на T-Mobile денот. T-Mobile бренд со светско реноме, бренд-лидер во Централна и Источна Европа, којшто вклучува околу 90 милиони корисници во светот, меѓу кои и Австрија, Словачка, Чешка, Германија, Хрватска, Унгарија, Холандија, Велика Британија и САД. За корисниците на мобилната телефонија во Македонија, Т-Mobile веќе изврши целосно ребрендирање на салоните и дилерските продавници низ Македонија, а во иднина ќе овозможи нови услуги и сервиси и ќе ги пренесе бенефитите на светски признатиот бренд во Македонија.
назад
|
 |
Објавено на 13.06.2006
МобиMaк го објави ребрендирањето во T-Mobile |
| |
На 13 јуни 2006 година во Домот на АРМ, на конференција за печат, МобиMак го објави ребрендирањето во T-Mobile. Ребрендирањето што започна со одлуката на Бордот на директори на компанијата (февруари, оваа година) е планирано да заврши на почетокот на месец септември 2006 со што МобиMак заедно со своите корисници станува дел од еден од најголемите мобилни оператори во светот - T-Mobile. |
| |
|
МобиMак постои 10 години на македонскиот пазар, а константната определба на компанијата за воведување нови услуги и понуди на најсовремени продукти, резултираше со довербата од над 800 000 корисници. Во 2005 година, МобиMак е најуспешна компанија во Република Македонија со уште 170 000 нови корисници. Ребрендирањето во T-Mobile претставува заслужен успех на МобиMак кој преку константниот раст и развој, постојаната работа и грижа за корисниците го создаваше својот пат до оваа цел. Влегувањето на МобиMак во T-Mobile значи и влегување на квалитетот и бизнис стандардите на еден од најголемите светски брендови во Македонија. T-Mobile е бренд со светско реноме, бренд - лидер во Централна и Источна Европа, којшто вклучува околу 88 милиони корисници во повеќе земји во светот, меѓу кои и Австрија, Словачка, Чешка, Германија, Хрватска, Унгарија, Холандија, Велика Британија, САД, Полска, а од септември и Македонија. На конференцијата за печат, на која беше објавено ребрендирањето, говореа: Мајкл Гунтер, Директор на Управниот oдбор на T-Mobile, Рубин Зарески, Главен извршен директор на МобиMак и Атила Сендреи, Главен извршен директор на Македонски Телекомуникации .
назад
|
|