Набавки

T-Mobile Македонија АД Скопје при процесот на набавки поаѓа од законската  како и од својата внатрешна регулатива со кои се регулираат начинот и постапката за вршење на набавките на производи и вршење услуги.

T-Mobile Македонија АД Скопје го обавува процесот на набавки транспарентно, со цел да избере најсоодветен добавувач за предметната набавка од аспект на цена, рокови и место на испорака, квалитет на приозводите и услугите.

За да ги постигне горенаведените цели, T-Mobile Македонија АД Скопје ги имплементира следниве функции и промени:

  • Објавувањето на тендерот овозможува полесно избирање на најповолниот добавувач за Компанијата;.
  • Стандардизираниот процес за договорите со добавувачите и барањата за понуди, стандардните документи и нивна обработка преку интегрираното информатичко решение дава стабилност при односот на корисниците и добавувачите;
  • Со примена на квалификациониот систем за добавувачи, Компанијата ќе одржува контакти со избрани добавувачи така што ќе се остваруваат попогодни договорни услови, како за T-Mobile Македонија АД Скопје, така и за добавувачите.