За деловни корисници

Push mail

Вашата е-пошта секогаш со вас на мобилен

Ако во текот на денот имате многу состаноци, постојано сте во движење, патувате и чекате важна е-пошта дури и по завршувањето на работниот ден, или едноставно сте зависник од вашиот Outlook, пред вас е Push mail, новата услуга на T-Mobile.

Со користењето на новата услуга на T-Mobile - Push mail, е-поштата што ја добивате на вашиот компјутер во канцеларијата истовремено ја добивате и на мобилниот телефон, па во истиот момент можете да ја прочитате, препратите, одговорите. Плус, во секое време имате увид во организацијата на задачите и состаноците, како и брз пристап до сите контакт адреси и телефони што ви се потребни. Канцеларијата може да биде секогаш со вас, каде и да сте.

Што сè можете со Push mail:

  • Да ги добивате и гледате пораките што стигнуваат во вашиот Inbox, да ги обележувате како прочитани или да ги бришете
  • Да ги отворате приложените документи (Word, Excel, PowerPoint, pdf), да ги менувате или пак, да креирате нови документи (во зависност од можностите на телефонот)
  • Да креирате нови пораки
  • Да пристапите до вашиот календар, да закажувате, презакажувате и бришете состаноци
  • Да пристапите до листата на контакти во вашиот Outlook.

Услугата Push mail ви овозможува:

  • Да го организирате вашиот работен ден многу поефикасно
  • Да ја зголемите продуктивноста
  • Да си дозволите повеќе слободно време
  • Да користите флексибилно и исплатливо решение со кое секогаш сте во чекор со она што се случува.

За да можете да ја користите услугата Push mail, потребно е да имате телефонски апарат кој ја поддржува услугата.

Што ви е потребно за користење на услугата Push mail:

  • Мобилен телефон со поддршка за push mail (Windows Mobile, Android, Symbian, iPhone) и
  • Корпоративен сервер Microsoft Exchange 2003/2007.

Ново! Отсега конфигурирањето на серверот и на мобилните телефони за користење на Push mail услугата е бесплатно.

Push Mail услужни пакети

Услужен пакет

Месечна претплата

Интернет вклучен
во месечна претплата

 Push Mail Standard

350 ден.

150 MB

 Push Mail Professional

500 ден.

1 GB (1024 MB)


* Цената е без вклучен ДДВ. Сообраќајот вклучен во месечната претплата може да се искористи само во мрежата на T-Mobile Македонија. Сообраќајот по искористувањето на месечната претплата се наплаќа според редовната цена за GPRS и WAP сообраќајот, согласно тарифниот модел на корисникот.
bottom corners

Интернет и MMS

bottom corners

Кориснички услуги

  • Јавете се во контакт центарот на 070 122
  • Посетете некоја од нашите продавници или
  • испратете ел. пошта на
    kontakt@t-mobile.mk
bottom corners