За прв пат неограничен интернет во припејд и во постпејд!
Овие празници, сурфај безгрижно на твојот мобилен, бидејќи колку и да сурфаш, нема да платиш повеќе од 150 денари месечно. Постирај, коментирај, закачи се на интернет каде и да си и сподели го секој празничен момент безгрижно, бидејќи твојот интернет трошок нема да надмине 150 денари.
Интернет нон стоп без дополнително активирање!
За користење на оваа неверојатна промотивна понуда не е потребно никакво дополнително активирање, ниту во припејд ниту во постпејд. Едноставно закачи се на интернет од твојот мобилен и започни да сурфаш низ омилените интернет страници без да се грижиш за интернет трошоците – тие нема да надминат 150 денари!
Без разлика дали твојот мобилен телефон користи GPRS, EDGE или 3G мрежа за пристап на интернет, цената останува иста, а ти нема да платиш повеќе од 150 денари за безгрижно сурфање цел месец!
Пример:
Доколку овој месец си сурфал од твојот мобилен телефон, а не си надминал 150 денари, ќе го платиш помалиот износ.
Доколку пак, со сурфање си надминал 150 денари, не грижи се, бидејќи максималниот износ што можеш да го платиш е само 150 денари. Сообраќајот над овој износ нема да ти биде наплатен.
Сподели го секој празничен момент на интернет и биди секогаш во тек со најновите случувања:
| 1. |
 |
Пронајди ја уличката во која твоите пријатели слават Нова година со само неколку кликања преку Google Maps!
|
| 2. |
 |
Сликни го изгрејсонцето во Маврово, веднаш закачи го на Facebook и за 5 минути таа слика веќе ќе има 50 лајкови од сите твои пријатели и најблиски!
|
| 3. |
 |
Никогаш нема да бидеш изненаден од дожд, виулица, снег или невреме и ќе знаеш какво време ќе те очекува во секој час, прегледувајќи ги интернет страниците за временска прогноза од твојот мобилен.
|
| 4. |
 |
Ресторан, пицерија, кафуле или пивница, пронајди го локалот по твоја мерка едноставно преку Google.
|
| 5. |
 |
Одењето на зимување не е причина да заборавиш на победите на твојот омилен тим и резултатите од твојата омилена лига. Сега закачи се на интернет страниците за спортски резултати и не пропуштај ништо.
|
| 6. |
 |
Foursquare во Македонија станува сè попопуларен. Пронајди стотици нови места за чекирање, уште толку нови беџови за освојување и пофали им се веднаш на пријателите за сите места што си ги посетил.
|
Сакаш да сурфаш нон-стоп на нов смартфон?
Нашата празнична интернет понуда ја комплетираме со широка понуда на супер смартфони по супер празнични цени!
Ти посакуваме среќни и весели празници!
Промотивната понуда трае до 29.02.2012 и за неа важи Политика за фер користење.
Понудата е достапна за сите тарифни модели освен за Surfer, Team Internet, Телеметрик и Fleet managment.
Понудата важи и при користење web’n’walk пакети, како и Facebook услугата.