|
Дознај ги прв сите спортски резултати и радувај се на победите на твоите омилени тимови, дури и кога не можеш да го гледаш натпреварот!
Што е Спорт инфо? Спорт инфо е нова услуга на T-Mobile со која отсега можеш да добиваш спортски резултати, веднаш по завршувањето на натпреварот преку SMS на твојот мобилен или да имаш пристап за преглед на резултатите од натпреварите во живо на wap.t-mobile.mk/sport.
Активирање и користење на услугата Сè што треба да направиш за да ја користиш услугата Спорт инфо е да се јавиш на бесплатниот број 14 44. Потоа одбери ги лигата и спортот за кои сакаш да добиваш резултати, кошарка или фудбал. По успешното активирање ќе добиеш повратна SMS порака за потврда за членство и информација кои резултати ќе ги добиваш. Спорт инфо преку SMS ти овозможува навремено да го добиеш крајниот резултат од натпреварот на спортот/лигата што си ги одбрал, името на стрелците, на головите и на времето кога тие се постигнати. Со бирање најмалку една лига, добиваш целосен пристап за преглед на резултатите од натпреварите во живо на wap.t-mobile.mk/sport
Доволно е услугата да ја активираш еднаш, а потоа автоматски се обновува секој понеделник, со SMS известување за резултатите што ќе бидат испратени, во период од 10:00 - 13:00 часот. Цената на услугата е 41,3 ден. неделно со вклучен ДДВ.
Деактивирање на услугата Услугата Спорт инфо можеш да ја деактивираш во секое време, со вртење на 14 44 или со праќање порака со содржина STOP на истиот број. Повиците и пратените пораки на 14 44 се бесплатни.
*Услугата може да ја користиш доколку си T-Mobile корисник и истата е поддржана од сите телефони.
|