- T-Mobile Diners клуб картичката е кредитна картичка,
- Истовремено е денарска и девизна кредитна картичка (има валидност на територијата на Македонија и во странство),
- 50% помалку трошоци за членарина и уписнина на оваа картичка,
- Кредит од 30 000 денари без депозит (може и поголем кредит во зависност од гаранциите),
- Можност за купување на повеќе месечни рати, без камата при купување во продажните салони на T-Mobile,
- Можност за автоматско плаќање на месечните сметки со траен налог за T-Mobile МК (мобилна телефонија), а наскоро и други месечни трошоци, без ваш дополнителен ангажман,
- М-Recharge услуга - Ви овозможува купување на T-Mobile ваучери со T-Mobile Diners клуб картичка преку вашиот мобилен телефон и директно полнење на припејд T-Mobile мобилни телефони.
Патувајте сега . . .
- Со T-Mobile Diners клуб кредитната каричка, Вашето патување ќе биде безгрижно,
- Може да ја користите за плаќање на стоки и услуги и во над 3 600 продажни места во Македонија и над 8 милиони продажни места во странство за: мебел, бела техника, компјутерска опрема, обувки, козметика, прехранбени производи, туристички агенции, гориво и друго,
- Добредојдовте во најдобрите хотели и ресторани, трговски центри, авионски компании и рент а кар агенции.
Плаќајте подоцна . . .
- Динерс клуб ви доставува сметки два пати месечно со рок на плаќање наведен во секоја фактура. Се смета дека долгот е подмирен, кога средствата ќе пристигнат на сметката на Динерс клуб Интернационал МАК Д.О.О.
- Со картичката може да трошите и во деновите пред да пристигне Вашата плата (што претставува и основна замисла на картичката), а трошоците ќе ги платите подоцна, кога ќе Ви пристигне сметката.
T-Mobile Diners клуб Приватна кредитна картичка . . .
- Гласи на Ваше име и презиме и служи за секојдневна употреба,
- Ви овозможува многу полесно и поедноставно да ги решите сите предвидени и непредвидени трошоци (во земјата и во странство),
- Ви овозможува и издавање дополнителна фамилијарна картичка за членовите од вашето потесно семејство, при што за неа трошоците се 50% помалку од годишната членарина.
T-Mobile Diners клуб Бизнис безготовинска картичка . . .
- Ова е деловна картичка за мали, средни и големи фирми, компании и институции во Република Македонија,
- Гласи на име на претпријатието и на Вашето име и презиме, односно на име на некој од Вашите вработени на кои Вие им го одобрувате користењето, како и нивните лимити, многу полесно и поедноставно ќе може да ги решите сите предвидени и непредвидени трошоци, за хотелски услуги, набавка на авио билети, службени ручеци и вечери, рент а кар услуги и др.,
- Следењето на трошоците е едноставно, бидејќи со фактурата, Ви прилагаме спецификација - опис на трошоците за секој корисник поединечно,
- Нема потреба од купување девизи на девизен пазар, затоа што девизните трошоци се пресметуваат во денарска противвредност,
- При службени патувања на Вашите вработени нема веќе исплата на патни трошоци, при што се намалува потребата за готовина на претпријатието,
- Сите трансакции со Бизнис картичката имаат третман жиро-жиро, со што се добиваат сите даночни погодности.
Привилегии . . .
- Резервации и купување домашни и странски авио билети за сите дестинации насекаде во светот,
- Одложено плаќање (плаќање на повеќе месечни рати, 3, 6, 9, 12),
- Бесплатно користење на аеродромските салони на 80 аеродроми во земјите од целиот свет.
Во случај на непредвидени ситуации . . .
- Може да подигнете готовина во банки, штедилници, менувачници, како и на 800 000 банкомати насекаде во светот на кои го има логото на Diners клуб интернационал и Cirrus банкоматите,
- Во случај на губење или кражба на вашата картичка, 24-часовна служба ќе Ви помогне каде и да сте во светот (+389 2 114 444)...
... како и многу други поволности што ќе ви бидат на располагање, доколку ја имате оваа картичка.
За повеќе информации, обратете се во Diners клуб МАК на 02 311-4444, во T-Mobile МК на 070 122 или во продавниците на T-Mobile.
|