За приватни корисници

Twitter преку SMS

Twitter е една од светски најпопуларните социјални мрежи која ни овозможува да останаме во контакт со пријателите, роднините, и соработниците преку размена на чести, кратки пораки. Корисниците пишуваат кратки новости (известувања, нотификации) наречени “tweets” од максимум 140 карактери. Овие пораки се испраќаат на корисничкиот профил или блог, на следбениците (пријателите) на корисникот, и можат да бидат пребарани преку Twitter пребарувачот.
Претплатниците на T-Mobile со испраќање на SMS порака на бројот 14 51 51 можат да го променат својот Twitter статус преку својот мобилен телефон.
Цената на една порака кон Twitter е 5,9 денари со вклучен ДДВ.

Упатство за промена на Twitter статус

За да го промените статусот на вашиот Twitter профил со помош на SMS, најпрво треба да се најавите преку вашиот мобилен. Најавувањето е валидно сè додека не го промените вашето Twitter  корисничко име или лозинка.

За да се најавите пратете порака со вашето Twitter корисничко име и лозинка на бројот 14 51 51 со содржина:

Login korisnickoime lozinka

Пр. Login petkopetkovski tmobile (каде petkopetkovski е корисничкото име на сервисот Twitter, а tmobile е лозинката). *

По најаватa ќе добиете порака за успешно најавување.

Откако ќе се најавите на вашиот профил, можете постојано да го менувате вашиот статус со праќање порака на 14 51 51 со текстот кој сакате да се појави на статусот.

По испраќање на пораката со статусот ќе добиете порака дека е извршена промена на статусот.

Доколку сè уште не сте се најавиле на вашиот Twitter профил, ќе треба прво да се најавите за да го промените статусот.

*T-Mobile не ги чува ниту складира вашето корисничко име и лозинка, тие се препраќаат директно до Twitter.

bottom corners

Easy Internet

Одлична припејд интернет тарифа

> Сурфај во припејд

bottom corners

Интернет и MMS

bottom corners

Кориснички услуги

  • Јавете се во контакт центарот на 070 122
  • Посетете некоја од нашите продавници или
  • испратете ел. пошта на
    kontakt@t-mobile.mk
bottom corners