За приватни корисници

Визија

T-Mobile е еден од водечките светски мобилни оператори. Денес повеќе од 120 милиони корисници во Европа и во САД ја препознаваат вредноста на услугите што ги овозможува T-Mobile.
Водени од нашата мисија да бидеме највисоко ценета услужна компанија, ние сме целосно посветени да ги задоволиме вашите потреби и желби.

Затоа нудиме широк спектар иновативни, но лесно употребливи производи и услуги.
Секаде во светот нашите корисници можат да се потпрат на нашите три корпоративни вредности – доверливост, едноставност и инспирација.

Доверливост – T-Mobile е оператор на кој можете да му верувате.

Имате потреба од оператор во кој можете да имате доверба и кој ви обезбедува сигурна и квалитетна услуга каде и да сте. Ние постојано инвестираме со цел да ви понудиме иновативни и висококвалитетни услуги што ќе ја оправдаат вашата доверба.

Едноставност – Сакате да комуницирате едноставно и лесно

Зошто нештата да бидат сложени кога можат да бидат едноставни?
T-Mobile ви нуди услуги и технологија што се интуитивни, јасни и едноставни за употреба и за кои не е потребно дополнително објаснување, туку се разбирливи сами по себе.

Инспирација – Откривајте го животот секој ден.

Создавањето иновативни услуги што го исполнуваат вашето динамично секојдневие е наша примарна задача. Ние сме посветени на создавање услуги што ќе ве инспирираат и ќе ве изненадат нудејќи ви нови придобивки и нови можности за комуникација.

Освен грижата за своите корисници, наша цел е да бидеме активен член на македонското општество. Затоа преку многубројните иницијативи и преку Фондацијата T-Mobile за Македонија ние сме посветени на тоа активно да работиме на унапредувањето на сите сфери што се значајни за нашето општество.