За приватни корисници

Нов систем за самоуслужување

Запознајте се со нашата нова услуга

Нашите корисници се нашата мотивација за движење напред. Затоа напорно работиме да останеме лидери во техничките иновации, воведувајќи новитети и системи кои ви овозможуваат сè полесно користење на нашите услуги.

Затоа и ја создадовме услугата Визуелен автомат.

Преку новиот бесплатен канал за самоуслужување – Визуелен автомат доаѓате до потребните услуги и нагодувања визуелно движејќи се низ стеблото од услуги, наместо да ве води гласот од говорниот автомат на 070 122. На овој начин можете да пристапите полесно и побрзо до она што ви треба. Повеќе нема да имате потреба да паметите кој беше бројот за активирање на услугата.

Едноставно свртете *122# и на екранот од вашиот мобилен телефон ќе се појави нумерирана листа со достапните услуги. Впишете го бројот што се наоѓа пред услугата, во празното поле на дното од екранот или во SMS порака, зависно од вашиот телефон, и ќе ја добиете веднаш.

Преку визуелниот автомат можете:

1. Да дополните припејд сметка

2. Да активирате и деактивирате услуги

3. Да си го нагодите телефонот за интернет и ММЅ

4. Да пристапите до вашата омилена содржина од t-zones

5. Да ги менувате броевите во Мојот круг

6. Да си проверите состојба на сметка

Покрај тоа, нудиме две комплетно нови услуги достапни само преку овој канал:

7.Дополни ми кредит
Пратете бесплатно барање до постпејд корисник за дополнување кредит на вашата припејд сметка.(До услугата може да се пристапи најмногу три пати во едно деноноќие.)

8. Препорачај на пријатели
Откако ќе ја активирате услугата Бесплатни разговори во Мојот круг, можете да пратите бесплатна автоматска SMS порака до броевите во вашиот круг со информација и препорака и тие да ја активираат услугата.

Визуелниот автомат е достапен во секое време. Навигацијата низ него е бесплатна, како од Македонија, така и од која било друга земја, преку роаминг.

bottom corners