За деловни корисници

Врти слободно

Сакате да знаете кој ве барал додека сте биле недостапни или зафатени со друг повик? И да добивате информација кога пријателите што сте ги побарале ќе го вклучат својот телефон?

Со новиот услужен пакет Врти слободно можете да уживате во повеќе придобивки:

  • Доколку корисникот што го барате е недостапен (го исклучил телефон, се наоѓа надвор од мрежно покривање или пак е зафатен со друг разговор) или зафатен со друг повик, ќе добиете SMS порака кога повторно ќе стане достапен. SMS пораката ќе содржи и информација за времето, датумот и бројот што сте го барале.
  • Доколку вие сте биле недостапни или зафатени со друг повик, ќе добиете SMS порака за да ве извести кој ве барал откако ќе го вклучите вашиот телефон, кога ќе се најавите во мрежата на T-Mobile или пак кога ќе завршите со разговорот со кој претходно сте биле зафатени. SMS пораката ќе содржи информација со броевите кои ве барале, бројот на пропуштени повици од нив како и времето и датумот на барање.

Доколку вашите пријатели и блиски го активирале пакетот Врти слободно и тие ќе добиваат SMS известувања за вашата достапност веднаш штом ќе го вклучите телефонот или пак ќе го завршите разговорот.

Како да го активирам Врти слободно?

  • Јавете се на бесплатниот број 141 055 и следете ги гласовните инструкции.
  • Пратете SMS порака на бројот 122 со текст: VS START
  • Во Контакт центарот на 122

Доколку времено не сакате да го користите услужниот пакет Врти слободно, можете да го деактивирате со јавување на 141 055 или со праќање SMS порака на 122 со текст VS STOP.

Врти слободно ви обезбедува комфор во комуникацијата!

* Услужниот пакет не е достапен во роаминг.

bottom corners

Кориснички услуги

  • Јавете се во контакт центарот на 070 122
  • Посетете некоја од нашите продавници или
  • испратете ел. пошта на
    kontakt@t-mobile.mk
bottom corners